| четврток, 6 декември 2018 |

Aмериканец муслиман ќе добие 385.000 долари отштета за приведувањето по 11 септември

9 11Американски муслиман, кој бил во притвор повеќе од две седмици без обвинение по нападите на 11 септември 2001 година, ќе добие отштета од 385.000 долари од владата и од еден агент на ФБИ, соопшти Американскиот сојуз за заштита на граѓанските права.

Абдула ал Кид, американски државјанин, кој го прифатил исламот, бил клучен сведок – израз користен од САД по нападите, за да обезбедат приведување лица осомничени за тероризам.

Владата исто така му се извини на Абдула ал Кид, кој бил затворен 16 дена во изолација, со 24-часовно осветлување, што му пречело да спие.

Потоа бил подложен на судска контрола во текот на 15 месеци.

Во 2005 година тој поднел тужба против властите, обвинувајќи ги за нарушување на неговите уставни права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top