Хрватска се намачи со Австрија, но сепак успеа да победи со 32-30 и да ги почне натпреварите во Б групата со успех. Иван Чупиќ беше човекот на одлука, откако постигна 11 гола, последниот при резултат 31-30, за да ги отстрани сите дилеми околу победникот. Австрија потврди дека е тврд орев и селекција што постојано напредува во ракометот.
По првиот дел Хрватите имаа предност од 16-13, а Австрија се покажа како жилав противник. Во финишот избраниците на селекторот Јоханесон намалија на 30-31, но немаа сили за сензација и освојување барем на еден бод со главниот фаворит во Б групата каде игра и Македонија.
Во останатите дуели од Б групата БиХ го победи Иран со 30-25, а Македонија со блескава игра го декласира Тунис со 33-25. Во А групата денеска актуелниот светски првцак Шпанија ја победи Белорусија со 38-33, Словенија рутински го победи Чиле со 36-23, а вчера во премиерата на мундијалот во Катар, дмаќинот беше подобар од Бразил со 28-23. Македонија ако ја мине фазата по групи, ќе игра со една од селекцииите од А групата во осминафиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



