Овој автомобил е замислен како директен конкурент на европските „БМВ М5“ и „мерцедес Е63 АМГ“. Редизајнираниот ЦТС-В има 6,2-литарски мотор со осум цилиндри со турбополнач, кој произведува 640 коњски сили и 855 њутн-метри вртежен момент. Моторот е поврзан со осумстепен автоматски менувач, кој забрзува од 0 до 100 километри на час за само 3,7 секунди, додека максималната брзина изнесува 322 километри на час.
Изгледот е, исто така, импресивен, како и карактеристиките, па новиот „кадилак“ има агресивен преден дел со мрежеста маска и со големи отвори за воздух. Аеродинамичните додатоци, како и отворите на хаубата, освен естетската, имаат и употребна вредност.
ЦТС-В е посебно впечатлив поради проширените калници, задниот спојлер, четирите издувни цевки и 19-инчните бандажи од алиминумска легура.

Внатрешноста нема радикални измени во однос на основниот ЦТС, но изборот на материјали и на бои е многу поквалитетен. Понудена е ексклузивна комбинација на кожа и на микрофибер за спортските седиштата, како и влошки од карбонски влакна.
Сите механички и аналогни команди се отстранети, додека целиот систем на автомобилот се управува преку 12,3-инчен екран во боја, чувствителен на допир, преку кој може да се приклучат уреди што користат оперативни системи „андроид“ и ИОС.

Целата динамика на автомобилот е во согласност со карактеристиките на моторот, па инженерите од „Кадилак“ ја зголемија крутоста на возилото за цели 25 проценти, додавајќи дополнителни елементи за целата суспензија. ЦТС-В доби посебна спортска суспензија, прецизен управувачки систем, делумна блокада на задниот диференцијал, но и силни сопирачки „брембо“.
Новиот „кадилак ЦТС-В“ ќе се појави на пазарот кон крајот на летото 2015 година. Најниската цена за овој модел е 70.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


