| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Смиља Туџарова-Ѓоргова: Кај си­те естет­ски опе­ра­ции ре­зул­та­тот е вед­наш вид­лив

Естет­ски­те опе­ра­ции се ри­зич­ни. Си­те пла­стич­ни хи­рур­зи не ра­бо­тат есте­ти­ка, ве­ли ди­ре­ктор­ка­та на Кли­ни­ка­та за пла­стич­на и за ре­кон­стру­ктив­на хи­рур­ги­ја, проф. д-р Ту­џа­ро­ва - Ѓор­го­ва

Dr Tudzarova plastika (Custom)

Ко­рек­ци­ја на но­сот, уши­те, ус­ни­те, оч­ни­те ка­па­ци, но и за­тег­ну­ва­ње на ли­це­то, на вра­тот, за­тег­ну­ва­ње на сто­ма­кот, на­ма­лу­ва­ње на ус­ни­те на жен­ски­те ге­ни­та­лии. Си­те овие ин­тер­вен­ции се вр­шат на Кли­ни­ка­та за пла­стич­на и за ре­кон­стру­ктив­на хи­рур­ги­ја. Па­ци­ен­ти­те што до­а­ѓа­ат на Кли­ни­ка­та се еду­ци­ра­ни и до­а­ѓа­ат со го­то­ва ин­фор­ма­ци­ја. Ре­ал­ни­те оче­ку­ва­ња, во нај­го­лем број, се исти кај па­ци­ен­тот и кај до­кто­рот, ве­ли ди­ре­ктор­ка­та на Кли­ни­ка­та, про­фе­сор­ка­та д-р Сми­ља Ту­џа­ро­ва – Ѓор­го­ва.

Ко­га се го­во­ри за пла­стич­на хи­рур­ги­ја, пр­ва асо­ци­ја­ци­ја на лу­ѓе­то се опе­ра­ци­и­те за раз­у­ба­ву­ва­ње, зго­ле­му­ва­ње на гра­ди­те или на зад­ни­кот, за­тег­ну­ва­ње на ли­це­то, нов нос, ко­рек­ци­ја на клем­па­ви­те уши… Кои ин­тер­вен­ции нај­че­сто се ра­бо­тат на кли­ни­ка­та?

ТУ­ЏА­РО­ВА – ЃОР­ГО­ВА: На кли­ни­ка­та нај­че­сто ра­бо­ти­ме ко­рек­ци­ја на уши кај де­ца од се­дум­го­диш­на во­зраст во оп­шта ане­сте­зи­ја, а кај де­вет го­ди­ни и по­го­ле­ми таа ин­тер­вен­ци­ја се вр­ши со ло­кал­на ане­сте­зи­ја. По ин­тер­вен­ци­ја­та па­ци­ен­тот си оди вед­наш до­ма. Вре­ме­то на заз­дра­ву­ва­ње и на ва­де­ње кон­ци е 14 де­на, а до­то­гаш се но­си пре­вр­ска. По­тоа, уште еден ме­сец са­мо на­ве­чер се но­си сте­гач за уши­те.

Пра­ви­ме и хи­рур­шко трај­но зго­ле­му­ва­ње на ус­ни­те на ли­це­то со ло­кал­на ане­сте­зи­ја и кон­ци­те се ва­дат по шест де­на. Па­ци­ен­тот не пре­сто­ју­ва во бол­ни­ца.

Функ­ци­о­нал­на и естет­ска ри­ноп­ла­сти­ка се ра­бо­ти иск­лу­чи­тел­но со оп­шта ане­сте­зи­ја, се пре­сто­ју­ва три де­на во бол­ни­ца, а во на­ред­ни­те 10 де­на па­ци­ен­тот има кон­такт со кли­ни­ка­та.

Ко­рек­ци­ја на оч­ни­те ка­па­ци е опе­ра­ци­ја со ко­ја па­ци­ен­ти­те се подм­ла­ду­ва­ат за пет го­ди­ни. Бле­фа­роп­ла­сти­ка прет­ста­ву­ва от­стра­ну­ва­ње на брч­ки­те на гор­ни­те и на дол­ни оч­ни ка­па­ци. Се ра­бо­ти со ло­кал­на ане­сте­зи­ја, а са­мо во иск­лу­чи­тел­ни слу­чаи со оп­шта. Па­ци­ен­ти­те пре­сто­ју­ва­ат еден ден во бол­ни­ца, а кон­ци­те се ва­дат ше­сти­от ден. За­тег­ну­ва­ња­та на ли­це­то и на вра­тот се мно­гу ри­зич­ни опе­ра­ции, кои тра­ат пет ча­са, а заз­дра­ву­ва­ње­то трае три не­де­ли. Ре­зул­тат – 10 го­ди­ни пом­лад.

Тем­по­рал­но га­леа за­тег­ну­ва­ње е еле­гант­на опе­ра­ци­ја со ко­ја се по­ди­га ла­те­рал­ни­от дел на ве­ѓа­та и нај­че­сто се ком­би­ни­ра со бле­фа­роп­ла­сти­ка, се ра­бо­тат со ло­кал­на ане­сте­зи­ја и заз­дра­ву­ва­ње­то трае 10 де­на. Зго­ле­му­ва­ње­то на гра­ди со си­ли­кон­ски про­те­зи е, исто та­ка, ин­тер­вен­ци­ја што се ра­бо­ти на на­ша­та Кли­ни­ка и па­ци­ен­тка­та пре­сто­ју­ва са­мо еден ден. Кон­ци­те се ва­дат по 14 де­на. Кај нас се ра­бо­ти и ли­по­скулп­ту­ра – ва­де­ње мас­ни ло­бу­лу­си од под­бра­док, сто­мак, бу­ти­ни, ко­ле­на, а ли­по­фи­линг е вшпри­цу­ва­ње на сопс­тве­ни­те мас­ни кле­тки во брч­ки­те, нај­че­сто на ли­це­то, но ги ста­ва­ме и во гра­ди­те, по­себ­но кај ма­сте­кто­ми­ја.

На Кли­ни­ка­та се ра­бо­ти и опе­ра­ци­ја на за­те­га­ње сто­мак и таа се ком­би­ни­ра со ли­по­сук­ци­ја. Заз­дра­ву­ва­ње­то е че­ти­ри не­де­ли, се ра­бо­ти со оп­шта ане­сте­зи­ја. Се пра­ви и за­тег­ну­ва­ње на ко­жа­та на над­лакт­ни­ци­те и се по­треб­ни две не­де­ли заз­дра­ву­ва­ње. Се вр­ши и ко­рек­ци­ја – на­ма­лу­ва­ње на ус­ни­те на жен­ски­те ге­ни­та­лии.

Естет­ски­от ре­зул­тат е вед­наш вид­лив кај си­те естет­ски опе­ра­ции и за­тоа тие се ри­зич­ни. Си­те пла­стич­ни хи­рур­зи не ра­бо­тат есте­ти­ка.

Што тре­ба да знае еден па­ци­ент ко­га до­а­ѓа да на­пра­ви естет­ска ко­рек­ци­ја?

ТУ­ЏА­РО­ВА – ЃОР­ГО­ВА: Ко­га па­ци­ен­тот са­ка да на­пра­ви естет­ска ко­рек­ци­ја тре­ба да знае да­ли опе­ра­ци­ја­та ја пра­ви за да до­бие по­го­ле­ма са­мо­до­вер­ба, да­ли ја пра­ви за­ра­ди сре­ди­на­та или, пак, за­ра­ди парт­не­рот. Па­ци­ен­ти­те што до­а­ѓа­ат на Кли­ни­ка­та де­нес се еду­ци­ра­ни и до­а­ѓа­ат со го­то­ва ин­фор­ма­ци­ја. Ре­ал­ни­те оче­ку­ва­ња во нај­го­лем број се исти кај па­ци­ен­тот и кај до­кто­рот. Са­мо кај тие па­ци­ен­ти со диз­мор­фо­би­ја, тие што стра­да­ат од бол­на пре­о­ку­па­ци­ја со сво­е­то те­ло, има не­ре­ал­ни оче­ку­ва­ња и че­сто пра­ват по три до пет опе­ра­ции на ист ор­ган.

Ко­ја е најс­пе­ци­фич­на­та опе­ра­ци­ја што би­ла на­пра­ве­на на Кли­ни­ка­та?

ТУ­ЏА­РО­ВА – ЃОР­ГО­ВА: Се­ко­ја де­це­ни­ја има сво­ја ка­ра­кте­ри­сти­ка. Во 1998 го­ди­на е на­пра­ве­на пр­ва­та ре­кон­струк­ци­ја на дој­ка со сопс­тве­но тки­во, ЛАТ-ре­зен од грб, ТРАМП – ре­зен од сто­мак. Во 2014 го­ди­на се на­пра­ви ли­по­фи­линг и ли­по­сук­ци­ја.

Алар­мент­но е зго­ле­мен бро­јот на па­ци­ен­ти со рак на ко­жа. Ако пред 10 го­ди­ни ме­ла­ном бил ди­јаг­но­сти­ци­ран на 50 ли­ца, се­га таа број­ка е три до че­ти­ри­па­ти по­го­ле­ма. Кол­ку го­ди­ни имал најм­ла­ди­от па­ци­ент што бил ле­ку­ван на кли­ни­ка­та?

ТУ­ЏА­РО­ВА – ЃОР­ГО­ВА: Најм­ла­ди­от па­ци­ент што бил ле­ку­ван на кли­ни­ка­та за пла­стич­на и ре­кон­стру­ктив­на хи­рур­ги­ја има­ше са­мо де­вет го­ди­ни.

Ка­ква е пре­по­ра­ка­та за си­те тие што со раз­ни ма­сти, без да кон­сул­ти­ра­ат ле­кар, се оби­ду­ва­ат да ги из­ле­ку­ва­ат ра­ни­те или бем­ки­те на ко­жа­та?

ТУ­ЏА­РО­ВА – ЃОР­ГО­ВА: Тре­ба ит­но да се по­се­ти дер­ма­то­лог за дер­мо­ско­пи­ја, а, исто та­ка, и пла­сти­чен хи­рург. Си­те бем­ки не се опас­ни, нај­о­пас­ни се тие во ни­во на ко­жа­та и цр­ни­те бем­ки.Се­ко­ја ле­ди­ра­на-по­вре­де­на бем­ка тре­ба хи­рур­шки да се от­стра­ни. Ние не при­фа­ќа­ме ма­сти и кре­ми за кож­ни бем­ки и ле­зии.

Де­жу­ра­те и на „Ало до­кто­ре“. Ка­кви пра­ша­ња нај­че­сто до­би­ва­те од па­ци­ен­ти­те?

ТУ­ЏА­РО­ВА – ЃОР­ГО­ВА: Да, нај­че­сто се пра­ша­ња за општ ле­кар и тоа се пра­ша­ња за си­те тие што не са­ка­ат да одат на ле­кар ту­ку по те­ле­фон да за­вр­шат ра­бо­та.Пра­ша­ња­та се нај­че­сто за де­ца – оп­сти­па­ци­ја или ди­ја­реа, по­ста­ри ли­ца со хи­пер­тен­зи­ја и мо­зо­чен удар-трет­ман.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Александар Ивановски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top