Дали ви се случува кога ќе легнете да спиете умот да ви се преполни со негативни мисли, лошо сценарија и обврски? Сонот е навистина потребен, но нашиот мозок има начин да ви скрати неколку часа сон. Ако барате нешто што ќе ве смири пред спиење и ќе ви овозможи добар сон, обидете се со овие пет реченици.
1. Благодарен/благодарна сум за…
Вежбањето на благодарност може да го зголеми нивото на среќа. Секако, може и да ви помогне подобро да спиете. Пред да легнете, осврнете се на она за што сте благодарни, наместо она што ви недостасува.
2. Заборавете на лошите чувства
Дали некогаш сте слушнале за изреката „никогаш не заминувајте во кревет лути“? Истражувањата покажуваат дека негативните емоции го уништуваат добриот сон. Ова не значи дека задолжително треба да ги решите сите конфликти пред спиење, но би требало да го исчистите умот од лоши нешта пред да ги затворите очите.
3.Силен/силна сум
Ако сакате може да користите и друг збор како на пример „храбар“, „добар“ и слично. Поентата е да се осврнеме да своите остварувања,сила и карактеристики. Себе прифаќањето може да не одведе само кон среќен живот, но треба да одвоиме време и да го практицираме.
4. Како можам да ги подобрам работите
Пред спиење размислувате како може да решите некои од проблемите и вашата потсвест ќе дојде до одговори. Обидете се да не одлутате во негативните исходи, туку да се држите до позитивни уверувања и ќе пронајдете одговор.
5. Ќе најдам мир
Ако се вртите во кревет и не можете да се смирите, можеби никогаш нема да најдете решение. Поголема е веројатноста да решите еден проблем кога сте смирени. Затоа повторувајте на оваа реченица и не дозволувајте мислите да ви отидат на друго место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.