Недостатокот на движење е поопасна од прекумерната тежина, покажа 12-годишно истражување меѓу 300 000 луѓе, објави „Би-Би-Си“.
Според истражувачите од Универзитетот во Кембриџ смртните случаи од неактивност секоја година се 676 000, во споредба со 337 000 со вишок тежина.
Експертите објаснуваат дека барем 20 минути брзо одење на ден имаат значителни придобивки врз здравјето и вежбите се корисни за сите, независно од нивната тежина.
Дебелината и недостатокот на движење често одат рака под рака, иако е познато дека слаби луѓе имаат поголем ризик од здравствени проблеми, ако се неактивни, а дебелите луѓе кои се движатт, се во подобро здравје од оние кои не го прават тоа.
Истражувачите следеле 334 161 Европејци во текот на 12 години, и го оценувале нивото на физичка активност и ја запишувале секоја смрт.
Тие откриваат дека најзагрозени се луѓето кои не се движат.
Според стручњаците отстранувањето на неактивноста во Европа ќе ја намали смртноста за речиси 7,5% (или околу 676 000 смртни случаи), а намалување на дебелината ќе го редуцира со само 3,6%.
Сепак експертите препорачуваат одржување на нормален индекс на телесна маса, за да се намали ризикот од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.