| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободени две Италијанки киднапирани во Сирија

Две Италијанки, земени за заложнички во Сирија пред повеќе од четири месеци, се ослободени, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци.

ital

– Ванеса Марѕуло и Грета Рамели се на слобода и наскоро ќе се вратат дома, се наведува во соопштението на Ренци на Твитер. Неговиот портпарол ја потврди изјавата.

Во август минатата година Владата во Рим соопшти дека двете млади жени – на возраст меѓу 20 и 21 година, биле киднапирани во село кај северниот сириски град Алепо. Тие работеле како волонтери за хуманитарна организација.

На крајот на декември на Интернет се појави видео клип на Фронтот Ал Нусра на кој двете Италијанки се облечени во црна облека и шамии на главите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top