| четврток, 6 декември 2018 |

Премногу млеко доведува до дебелеење кај децата

­ Според најновото истражување на американски научници, децата од претшколска возраст што пијат три или повеќе чаши млеко дневно имаат поголем ризик од дебелеење.

Во истражувањето учествувале околу 8.950 деца, на кои во текот на првите четири години од животот им бил следен растот и развојот со честото консумирање млеко.

Со анализа на собраните податоци е забележано дека на возраст од четири години поголемото консумирање млеко е поврзано со зголемена телесна тежина и височина. Децата што пиеле четири или повеќе чаши млеко дневно биле просечно за еден сантиметар повисоки од оние кои дневно консумирале само една чаша дневно. Меѓутоа, забележано е дека овие деца имале дури 16 отсто поголема веројатност за прекумерна тежина.

Имајќи ја предвид моментната ситуација со дебелеењето, истражувачите препорачуваат дека претшколските деца дневно треба да испијат максимум две чаши млеко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top