| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжението на „Аватар“ кон крајот на 2017 година

avatar

Режисерот Џејмс Камерон изјави денеска дека пишувањето на трите продолженија на „Аватар“ е многу сложена работа поради што за една година ја одложи премиерата на првото продолжение, кое требаше во кината да пристигне кон крајот на 2016 година.

Камерон планира да сними три продолженија на хитот истовремено и потоа да ги прикаже секоја година по еден.

Првото продолжение требаше во кината да пристигне кон крајот на 2016 година, но се покажа дека пишувањето на сценаријата е „сеопфатен“ процес, поради што е одложена премиерата.
– Комплексно е да се напише приказна која како сага ќе биде раскажана низ три филма, рече Камерон во Велингтон, каде заедно со колегата Питер Џексон и други режисери помага во промоцијата на локалната филмска индустрија.
Камерон рече дека целта била сценаријата за сите три филмови да бидат готови кон крајот на овој месец. Тој е на чело на тимот кој ги пишува сценариата.
– Ги пишуваме сите три истовремено. И тоа го правиме за се да се одвива без проблеми. А паралелно го работиме и дизајнот. Ги дизајнираме суштествата и околината, објасни тој.
Камерон рече дека секој филм треба да биде поврзан со нарениот на задоволувачки начин, но и кој нема да ја остави публиката на цедило.
„Аватар“ кој излезе во 2009 година е филм со најголема заработувачка во историјата. На кино-благајните заработи 2,8 милијарди долари, а освои и три Оскари. Камерон оргиналот го сними на Нов Зеланд и планира таму да ги снима и продолженијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top