| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец искористил прилика – од незаклучена врата до тешка кражба

Штипската полиција ја расветли тешката кражба што се случи на 19 декември. Имено, користејќи згодна прилика преку незаклучена врата е влезено во стан на ул. “Борис Крајгер” во Штип при што се одземени 68.000 денари.

По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници постојат основи на сомнение дека сторител на пријавеното кривично дело  е И.Ч.(28) од Штип.

По целосно комплетирање на кривично правниот настан ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top