| четврток, 6 декември 2018 |

Месец и половина промотивна кампања за Еразмус плус програмата

erazmusНационалната агенција за европски образовни програми и мобилност започна промотивната кампања за програмата Еразмус плус. Кампања почнува од денеска, а  ќе трае до крајот на февруари.

Како што појасни денеска на прес конференција директорот Дарко Димитров, Агенцијата од минатата година во име на ЕК децентрализирано ја управува програмата Еразмус плус во Македонија. Покрај Еразмус плус и европските иницијативи Еуропас и Евридика од 2014-2020 година, Националната агенција ќе имплементира уште четири мрежи, Еуродеск, Еквет, Еурогајденс и Е-твининг.

За таа цел директорот Димитров најави низа настани. – Националната агенција во периодов кој следи планира реализација на шест инфо денови за програмата Еразмус плус 2014-2020 година, а се опфаќаат сите региони на Република Македонија. Во рамките на кампањата ќе биде организирана Валоризациона конференција за програмата Еразмус плус, како и дополнителни два Инфо дена во соработка со различни локални заедници, истакна Димитров.

Додаде дека дополнително предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори на Македонија за, како што рече, поголема вклученост на бизнис заедницата.

Националната Агенција покрај предвидените настани ќе организира и две „Еквет“ конференции кои ќе бидат во насока на подигање на свесноста во тој дел од образовниот сегмент.

– Овие настани е предвидено да се одржат во Скопје, Прилеп, Охрид, Гостивар, Крушево и други градови низ републиката, а на истите ќе бидат поканети и потенцијалните корисници од општините кои гравитираат во овие региони, рече Димитров и додаде дека сите настани ќе бидат објавувани на веб-порталот и официјалната Фејсбук страна на Националната агенција.

Потенцира дека кон крајот на 2013 година Националната агенција ги исполнила сите предуслови на ЕК со што Македонија стана полноправна членка односно Програмска земја во програмата Еразмус плус.

Димитров информираше дека за роковите од повикот од 2015 година обезбеден е буџет од четири милиони евра, а за искористените фондови за Еразмус плус за 2014 година искористени се 93,4 проценти од расположливите средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top