| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на тишината

Den_na_tisinata_2

По повод масакрот кој се случи во редакцијата на францускиот магазин „Шарли ебдо“, земјите од регионот – Хрватска, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија кои се дел од платформата „Ферпрес.еу“, иницираат „Ден на тишината“. „Република“ половина час „беше во тишина“, периодот во кој траеше нападот на редакцијата во Франција.

– Убиени се новинари. По кој знае кој пат, употребена е брутална сила против букви, цртежи, аудио и видеоснимки. Против мисли и зборови. Кога нè убиваат, тепаат, касапат и заплашуваат, тоа секогаш е за повисоки цели. Но, никој нема одговор на нашето прашање кои се тие повисоки цели. Бидејќи тие не ни бараат одговори и информации – пишува Мунир Подумљак, директор на хрватското Партнерство за општествен развој, на веб-порталот „Ферпрес.Еу“.

Тој додава дека денешните вистини се креираат во радикални, идеолошки, религиозни, политички, криминални и финансиски лаборатории, а отворениот и критички настроен новинар стана последната пречка за тие „вистини“.

Во изминативе 9 години се убиени 720 новинариСпоред податоците од „Репортери без граници“, од 2005 до 2014 година се убиени вкупно 720 новинари, од кои само во 2014 година, 66 новинари го загубиле својот живот извршувајќи ја својата должност да ја известат јавноста,  а две третини од случаите се во воените зони како Палестина, Украина, Ирак и Либија. Значаен пораст од 30 проценти е забележан во бројот на киднапирани професионални новинари, односно 119 случаи во 2014 или 87 случаи во 2013 година.

На глобално ниво, 40 професионални новинари и 3 граѓани-новинари  се држат како заложници.  Според последните податоци на „Репортери без граници“, вкупно 178 професионални новинари и исто толкав број граѓани-новинари се осудени на затворска казна поради извршувањето на својата должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top