Парискиот музеј „Лувр“ и во 2014 година бил најпосетен во светот. Музејот привлекол повеќе од 9,3 милиони љубители на уметноста, од кои 70 отсто биле странци.
Најголем број посетители на „Лувр“ биле од САД, Кина, Италија, Велика Британија и од Бразил.
Повеќе од 50 отсто од посетителите биле помлади од 30 години, а речиси два милиони им припаѓале на старосната група од 18 до 25 години, пишува во соопштението на „Лувр“, од каде што наведуваат дека меѓу посетителите имало и 675 илјади ученици.
„Лувр“ ја надминал бројката од 2013 година и во посетата на постојаните поставки.
„Лувр“ минатата година за посетителите повторно ги отвори галериите со дела од 18 век. Иако горди на рекордната посета, од „Лувр“ се свесни и за метежите што се создаваат на нивните влезови, поради кои посетителите чекаат и по повеќе од два часа за влез. Управата на познатиот музеј реши да додаде уште два влеза за да го намали метежот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.