Највлијателните индиски медиуми пишуваат за глобалниот инвестициски самит на кое свое обраќање имаше и премиерот Никола Груевски . Учеството на државната македонска делегација предводена од Премиерот Груевски на Самитот Вајбрант Гуџерат-еден од најголемите бизнис и инвестициски собири во Индија ја ставија земјава на насловните страници на индиските медиуми.
На овој собир може да се забележат директори на повеќе од педесеттина глобални светски компании, водечки дипломати, а како што пишува дневниот весник „Тајм оф Индија“, се одржува во услови на досега невидени мерки за безбедност. Во Ахмадабад ангажирани се 12 илјади полицајци, меѓу кои и припадници на специјални единици, а на локацијата каде се одржува Вибран Гуџерат уште дополнителни 4.000 лица. Направени се и строги проверки на вработените во хотелите каде се сместени гостите. Со целата операција се раководи од три контролни центри.
Во текот на свечената вечера премиерот Груевски посочил дека токму „Македонија е портата кон Европа. Има најниска цена на производство и најниски даноци во светот. Енергијата и логистиката се истотака најевтини во Европа, а цената на трудот е конкурентна. Ние бараме инвеститори кои произведуваат авто делови, електро делови, инвеститори во агро-преработката на храна како и во хемискиот сектор“.
„Тајмс оф Индија“ објави дека Македонија ги повиока индиските бизнисмени да инвестираат во земјата.
-Македонија е идеално место и порта за индиските компании каде можат своите производи од тука да ги понудат на 660 милиони потрошувачи, сетоа тоа како резултат на ниските даноци и добрата бизнис клима, Во комбинација на ниските цени на логистиката, енергијата и конкурентната работна сила, тоа ја прави Македонија идеално место за да се започне бизнис, истакна премиерот Никола Груевски на состанокот со локалните бизнисмени во организација на Конфедерацијата на индиската индустрија, пренесува „Тајмс оф Индија“
Индискиот весник „DNA“ под наслов: „Македонија е порта кон Европа, вели Никола Груевски“, наведува дека помошта на Индија за време на светската економска рецесија била потенцирана во говорот на македонскиот премиер при неговото обраќање на церемонијата на Vibrant Gujarat Summit 2015 во неделата.
-Индија и помогна на светската економија кога таа се соочуваше со тешки времиња во периодот од 2007-2008 година. Во глобализираната околина, можностите не доаѓаат сами по себе, тие мора да се создадат преку иновација и конкурентност. Имаме раст на БДП од 3.9% во првите три квартали на 2014-2015 година. Ние сме местото во Европа каде најбрзо може да се започне бизнис. Македонија е земја која е отворена за нови бизниси, ја пренесува медиумот изјавата од Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии