| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби инспекторот задолжен за истрагата за Шарли Ебдо

Инспекторот задолжен за истрагата за масакрот во редакцијата на магазинот Шарли Ебдо, Ерлик Фреду, изврши самоубиство, јавуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил во четвртокот во Лимож, во канцеларијата на инспекторот, веднаш по средбата со членови на семејството на една од жртвите.

Според прелиминарните информации, Фреду извршил самоубиство пред да напише извештај за разговорот што го имал со семејството на настраданиот. Тој ја почнал полициската кариера во 1997 година во Версај, за потоа да се врати во Лимож, каде во 2012 година ја обавувл функцијата на заменик директорт на регионалната полиција.

Според француските медиуми, 45-годишниот инспектор имал проблеми со депресија, додека од полицијата соопштија дека се потполно шокирани и дека никој не претпоставил дека ова може да се случи.

Фреду требаше да ја предводи истрагата за нападот на редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо, кој се случи на 7 јануари кога беа убиени 12 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top