| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателски избори во Хрватска: Јосиповиќ води минимално

josipovic-ap-kolinda-reuters_f

Откако Државната изборна комисија (ДИК) обработи околу 6о отсто од гласачките места, претседателскиот кандидат на СДП во Хрватска, актуелниот претседател Иво Јосиповиќ по вториот круг има 50,51 отсто од гласовите, но неговата предност се намалува во корист на кандидатката на ХДЗ Колинда Грабар Китаровиќ, пренесува „Хина“.

Според резултатите на ДИК предноста на Јосиповиќ е само еден отсто во однос на неговата против-кандидатката, која моментно има 49,49 отсто гласови.

Според првите податоците објавени во 20 часот, Јосиповиќ имал предност од 2,9 отсто.

Пред две недели, кога се одржуваше првиот круг на гласање, тој водеше со разлика поголема од осум отсто, а на крај таа разлика изнесуваше само 1,24 отсто.

Поради тесните резултати во првиот круг, во кој Јосиповиќ забележа мала предност над Грабар Китаровиќ, изборите се смеаат за едни од најнеизвесните досега, а таа неизвесност продолжува во вториот круг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top