| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени три тома од оставината на Драган Богдановски

Првиот том од ракописната оставина на Драган Богдановски, со заеднички наслов: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, содржи еден пообемен текст за историјата на Македонија, којшто содржи 12 глави

dragann bogdanovski

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје и на Државниот архив на Република Македонија, деновиве се објавени првите три тома од оставината на Драган Богдановски – еден од најистакнатите личности и најмаркантна фигура на македонската политичка емиграција и најпознатиот македонски дисидент.

Својата активност како емигрант ја остварувал и преку новинарството и публицистиката. Во неговото политичко досие се зачувани и неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историски романа. Ракописната оставина на Богдановски се објавува со заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“ во пет тома и уште еден обемен том (шести по ред), кој содржи избор на документи од неговото политичко досие. Редактори на едицијата се д-р Марјан Иваноски и д-р Зоран Тодоровски.

Првиот том од ракописната оставина на Драган Богдановски, со заеднички наслов: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, содржи еден пообемен текст за историјата на Македонија, којшто содржи 12 глави. Овој том се однесува на неговите погледи, ставови и констатации за одредени настани и личности од историјата на Македонија, стекнати, пред сè, од македонска историографија од 60-тите и 70-тите години на 20 век. Иако е посветен на проучување и пишување на историјата на Македонија, под влијание на тогашната литература, Богдановски идеолошки ги третира македонските историски процеси и личности, подвлекувајќи го врхо¬визмот во ВМРО и кај нејзиното раководство, но прави обемен и детален историски преглед. Историографските трудови што ги цитира се на маке-донските историчари Блаже Ристовски, Иван Катарџиев, Манол Пандевски, Славко Димевски и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top