Еден од најпознатите италијански режисери Франческо Роси почина вчера во Рим на 92-годишна возраст.
Роси се прослави со филмот за сицилијанската мафија „Салваторе Џулијано“ во 1962 година, со кој освои „Србрена мечка“ за режија на Филмскиот фестивал во Берлин. Во 1972 година Роси освои „Златна палма“ во Кан за филмот „Аферата Матеи“.
Тој е еден од најистакнатите претставници на постнеореализмот во италијанската кинематографија заедно со Пасолини и со браќата Тавијани.
Роси е зачетник на политичкиот трилер во европската киноматографија, а неговите филмови се често контроверзни и предизвикуваат силни емоции кај публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст