Новите руски сообраќајни прописи им забрануваат управување со моторни возила на трансексуални личности, транвестити и други лица со сексуални „пореметувања“, јавува денеска АП. Според светската агенција, активистите за одбрана на човечките права тврделе дека станува збор за неуставна одлука, која е дел од нападот на руските ЛГБТ заедници.
Во одлуката на Владата од 29 декември се наведува дека возачка дозвола не може да добијат лица „со ментални и пореметувања во однесувањето“ според критериумот на СЗО.
Класификацијата на СОЗ вклучува „пореметување на полниот идентитет“, како што е трансексуализам, и „пореметување на сексуалните преференции“, како што се фетишизам и воајеризам.
Организаците за заштита на човечките права тврдат дека станува збор за уште еден пример на методично намлување на основните човекови права на руските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени