Францускиот информативен тв канал БФМ ТВ објави дека Амеди Кулибали самиот и се јавил на редакцијата на телевизиата БФМ ТВ во 15 часот, откако вчера го извршил нападот врз супермаркетот за кошер во Порт де Вансан, во источниот дел од Париз. Тој тврдел дека сака да стапи во контакт со полицијата.
Во разговорот Кулибади признал дека го синхрнизирал нападот со тој на напаѓачите врз „Шарли Ебдо“.
– Тие врз „Шарли Ебдо“, јас врз полицајците, изјавил Амеди Кулибали, кој вчера уби невооружена општинска полицајка во Монтруж.
Тој тврдел и дека е припадник на групата Исламската држава (ИД). Во разговорот за БФМ ТВ тој рекол дека во продавницата има четворица убиени и дека меѓу заложниците има деца.
Тој рекол дека се решил на ваков потег „за да ги брани угнетените во Палестина“ и дека ја избрал продавницата за кошер бидеќи таа е еврејска.
По извршената акција, специјални сили на француската полиција вчера го ликвидираа Кулибади. Вкупно четворица заложници биле убиени во заложничката криза, а останатите десетина биле ослободени од полицијата.
ФОТО: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож