| четврток, 6 декември 2018 |

Маж задавил жена на кровот на Детска клиника, по неколку часа преговори убиецот симнат од кров

policija-2

Осомничен за убиство бил симнат од кров на клиниката за Педијатрија. Со него неколку часа преговарале Алфите и преговарач од ЕСЗ тигри.

Од МВР велат дека во 20,40 ч. од обезбедувањето во Детска Клиника добиле дојава дека на кровот од Болницата има НН машко лице кое сака да се фрли од кровот.

-Притоа во негова непосредна близина забележано од страна на Алфите женско тело во безсознание, која на кровот била давена од страна на машкото лице со  кое се претпоставува дека била во љубовна врска. Од страна на УПС женското тело е извлечено и истата имаше обид да биде реанимирана во Ургентен Центар – велат од МВР.

Мажот се заканувал дека ќе се фрли доколку види униформиран полицаец. Било известено јавното обвинителство, инспектори од ЕНК-ОКД, ЕУМНА, преговарач од ЕСЗ и БППЗ за поставување на балон. 

Машкото лице кое сакаше да изврши самоубиство со фрлање од кровот на објектот, е симнато од страна на Алфите и преговарачот од ЕСЗ. Се работи за лицето Никола Кузмановски роден 1992 од Петровец – додаваат од МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top