На овогодишното, 41. по ред, доделување на наградите „Избор на народот“ во категоријата „омилена телевизиска серија“ победи „Бубалици“, а ѕвездата на овој серијал Кејли Квоко беше прогласена за „омилена актерка во телевизиска комедија“.
По тој повод, таа одржа пригоден говор, при што заблагодарувајќи им се на заслужните за нејзиниот успех, заборави да го спомене сопругот Рајан Свитинг.
Кога потоа целата екипа на „Бубалици“ се појави на сцената по наградата за најдобра серија, грешката на Квоко се обиде да ја исправи нејзиниото поранешно момче и партнер во серијалот Џони Галеки.
Само на кусо, Ве молам, Кејли заборави да му се заблагодари на нејзиниот сопруг, па сега јас ќе го сторам тоа наместо неа: „Рајан, ти си моето срце и не можам да замислам да бидам без тебе“, изјави Галеки во име на неговата поранешна девојка со која беше во врска неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.