Специјални сили на полицијата почнаа со напад врз објектот каде се кријат браќата Куаши Шериф и Саид во селото ДамартананГоел.
Осомничените терористи се кријат во печатница, каде држат најмалку едно лице како заложник. Полицијата смета дека тие се одговорни за нападот врз неделникот „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 луѓе извршен завчера.
Регистрирани се неколку серии на истрели од автоматско оружје, како и детонации во близина на објектот на печатницата.
Полициски претставник изјави дека вооружениот маж кој држи најмалку петмина заложници во супермаркет во источниот дел од Париз, се заканил дека ќе ги убие ако полицијата преземе напади врз браќата Куаши.
Двата инцидента се очигледно поврзани, изјави полицискиот претставник кој ги оквалификува настаните како двојна заложничка криза.
Според него неколку луѓе кои биле ранети кога киднаперот отворил оган во супермаркетот денеска попладне, успеале да побегнат и добиле медицинска помош.
Засега не е јасно дали има и други ранети во продавницата и дали жената посочена во полициски извештај како негов соучесник е внатре заедно со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож


