Појавувањето на црвениот килим за време на холивудската премиера на филмот „Венчален прстен“ на 35-годишната ѕвезда од реалното шоу „Жените на кошаркарите ЛА“, Лора Гован, ќе остане запаметено по (не)случајниот инцидент со неjзината града.
Имено, кога оваа атрактивна мајка на четири деца се наведна да испрати бакнеж кон фоторепортерите, нејзината брадавица излезе од фустанот без прерамки, момент што, се разбира, беше овековечен од многубројните камери.
За работата да биде уште поинтересна, на црвениот килим веднаш ѝ се приближи и нејзината сестра Глорија (44), чијшто фустан и без „незгоди“ покажуваше премногу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.