Индискиот владин службеник Ак Верма добил отказ откако на работа не дошол речиси четврт век, соопшти вчера индиската Влада.
Ак Верма, инженер во централниот владин оддел за јавни работи, дошол на работа последен пат во декември 1990 година. Потоа заминал на одмор, побара продолжување, по што не одговорл на барањата да се врати на работа.
Иако истрагата уште во 1992 година покажала дека е виновен, на администрацијата ѝ биле потребни повеќе од 20 години за против него да преземе санкции, пренесува германската агенција ДПА.
Индиската бирократија е позната по бавноста и корумпираноста, а отпуштањето од работа го отежнуваат законите за труд, објавува агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.