
Непознат арамија имал голем плен од куќа во скопското село Орланци.
Сопственикот на куќата пријавил дека му биле украдени пари, злато и бисери вредни преку 40.000 евра.
Според полицијата, завчера од 19 до 23 часот во скопското село Орланци непознат сторител, со употреба на погоден предмет, влегол во куќата на Ш.М. (41) и извршил тешка кражба од каде што зел околу 22.000 евра, златен накит и три бисерни комплети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 2.500.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


