| четврток, 6 декември 2018 |

Осум сообраќајки за 24 часа во Скопје

сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно осум сообраќајни несреќи.

Од нив, четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои полесни повреди добиле еден возач на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците, како и 34 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани, со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top