| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец ја бара девојката што му помогнала во сообраќајна незгода

sadasd

„Драги другарки и другари, на 26.12.2014 година, нешто по 21 часот на една од скопските улички ме удри кола, па по ударот сум загубил свест. Во таа пригода, некоја жена/девојка притрчала и ми помагала додека не дошла Итната помош и притоа имала контакт со моите родители по телефон за да им каже како сум и каде ќе ме носат.

Поради тоа сакам да ја најдам таа девојка/жена во што побрзо време за да може да ѝ се заблагодарам за стореното добро дело. Ќе ве замолам кој може да сподели. Фала“.

Со оваа порака Воислв Здравковски преку социјалните мрежи бара помош од сите корисници во пронаоѓањето на жената што му помогнала во моментот кога му било најтешко. Бидејќи се помалку има вакви хумани луѓе, решивме и ние да му помогнеме.
Доколку таа го прочита ова, може да го контактира преку овој линк

(Скопје инфо)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top