Високи претставници на Европската унија на денешниот состанок во Рига, Летонија, побараа обновување на дијалогот со Русија за политичко решение на украинската криза и констатираа дека ситуацијата не терен покажува знаци на смирување.
– Ни треба шанса да го обновиме дијалогот со Русија, изјави летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.
Тој, на заедничката прес-конференција со претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, најави дека утре ќе отпатува за Москва, каде ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Таа посета е од клучно значење, истакна Могерини и додаде дека во последно време се забележани некои позитивни сигнали од Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.