
Руската државјанка Дијана Рамазова е извршителката на самоубиствениот бомбашки напад во вторникот пред полициска станица во раздвижениот туристички реон на Истанбул, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“.
Во нападот беше убиен еден турски полицаец.
Истрагата за случајот ја водат полицијата и разузнавачката служба МИТ.
Според информации од истрагата, во мобилниот телефон на атентаторката биле најдени „странски телефонски броеви“. Познато е дека таа пред нападот на руски јазик зборувала со возачот на такси-возило.
Полицијата претпоставува дека извршителката на нападот е Чеченка.
Непосредно пред турските власти да го утврдат идентитетот на атентаторката, левоекстремисти
Семејството на осомничената атентаторка, меѓутоа, изјави дека трупот што им бил покажан во мртвовечницата не бил на нивната ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


