| четврток, 6 декември 2018 |

Српските медиуми со информации за покачувањето на македонските пензии

penzii
– Додека кај нас се намалуваат пензиите, во Македонија континуирано растат веќе осма година по ред, а, според најавите на Владата во Скопје, оваа година пензиите ќе бидат зголемени за пет отсто – пишува српскиот весник „Бизлајф“.

Понатаму весникот објавува дека просечната пензија во Македонија во јануари 2015 година изнесува 12.487 денари (204,8 евра).

-Последен пат пензиите во Македонија  се зголемени во март минатата година, а како што најавува владата, оваа година примањата на околу 290.000 пензионери ќе бидат зголемени за 5,0 отсто. Примањата на македонските пензионери континуирано растат веќе осум години по ред. Од 2006 година до крајот на 2014 година најголем пораст е забележан кај најниските пензии и тоа за 76 проценти, додека просечните се зголемени за 62 отсто, а најмногу за 30 отсто. Оваа година македонската влада ќе овозможи и бесплатен туристички викенд  за околу 3.000 пензинери – пренесува „Бизлајф“.
Весникот, исто така, пишува дека македонските пенизонери минатата година добија и бесплатен градски и железнички превоз, 27.000 од нив ги искористиле услугите на бањско-климатски рекреакции, а оние со примања пониски од просечаната висина на пензијата имаат и бесплатно болничко лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top