Научниците открија нов вид антибиотик, кој може да убие широк спектар опасни и резистентни бактерии, прв во последните 30 години, пишува „Лајфсајанс“.
Во лабораториските експерименти бактериите не развиле отпорност кон новиот лек наречен тиксобактин и многу е веројатно дека ќе им бидат потребни неколку децении да станат отпорни.
– Тиксобактин е лек што ветува. Многу е ефектен против резистентните патогени во неколку случаи на инфекции кај животните – напишале истражувачите во својот извештај.
Проблемот со бактериите што се отпорни на антибиотици е сериозна закана за човештвото и пронаоѓање на нови антибиотици е многу тешка задача. Постојните методи за изолација на супстанцијата од бактериската култура, обично, ги изолираат само антибиотиците што се веќе во употреба, се наведува во студијата.
Истражувачите на 7 јануари го објавија текстот во журналот „Природа“, а истражувањето е во рана фаза и уште не се знае дали антибиотикот ќе биде ефикасен во лекувањето кај луѓето, како што е екифасен кај животните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.