| четврток, 6 декември 2018 |

Хејбек победник во Бишофсхофен, Крафт летна до пехарот на „Новогодишната турнеа“

Михаел Хејбек е победник на последната од четирите скокалници во Бишофсхофен, а сепак најмногу причини за славје има неговиот сонародник Стефан Крафт кој го освои пехарот наменет за најдобриот скокач на „Новогодишната турнеа“.

Хејбек со 288, 4 поени стаса до првото место на подиумот во Бишофсхофен денеска, пред Норијаки Касаи и Стефан Крафт, скокач кој ги собра почетите во Генералниот пласман на „Четирите скокалници“.

Крафт е прв во вкупниот поредок, пред Хејбек и Словенецот Петер Превц.

ski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top