Британската музичка страница „EmergingIndieBands“, која рангира нови бендови од целиот свет, ја објави листата со најдобрите десет за изминатата година, а меѓу нив се најде и скопскиот состав „Визија“. Според критичарите на страницата, македонскиот бенд е прогласен за група на февруари.
Ова не е прв интернационален успех на „Визија“. Нивната песна „Гласот на мојата душа“ беше рангирана на
листата со најдобри рефрени за 2013 година од страна на американското радио WMBR. Групата минатата година беше и единствена од Македонија која ги задоволи критериумите на жири-комисијата на фестивалот „Јелен демофест“.
Претходно настапи на „Заечарската гитаријада“ и на белградскиот „Миксер“.
Бендот е оформен во 2011 година, а во него членуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.