| четврток, 6 декември 2018 |

Шведски град на стогодишници

DSCN4129

Жителите на Шведска во просек живеат подолго во однос на жителите на другите жители во Европа, но и во светот. Сепак, Швеѓаните истражиле зошто жителите на градот Витсјо, на југот на Шведска, во просек, имаат многу повеќе стогодишници во однос на остатокот на оваа богата скандинавска земја.

Во овој град живеат од вкупно 2.500 жители, живеат 44 пати повеќе стогодишници во однос на просекот во земјата по глава на жител. Според последните податоци за 2014 година, во градот Витсјо еден отсто од жителите се постари по 100 години. Затоа и овој град се вика и град на стогодишници. За овој град репортажа имаше и „Нешенал џиографик“.

Долговечноста во таа земја е поврзана со висок степен на образование и висок стандард на живот, како клучни фактори.

Стручњакот за здравје, Хенрик Енарт изјави дека нема едноставен одговор за овој град, но нагласи дека формулата на овој град се крие во здравите навики во исхраната, физичките активности и добрите меѓучовечки односи.

Инаку, просечниот животен век во Шведска кај жените е 84,6 години, а мажите во таа земја живеат 81,4 години, што оваа земја ја носи во врвот на земји со најдолговечни жители. Првото место уште му припаѓа на Јапонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top