Полициски службеник од полициската станица Бит Пазар вчера утрината заедно со неговиот брат претепале две лица, информираат од полицијата. Инцидентот се случил на Пластичарска улица каде полицискиот службеник и братот ги нападнале двете лица од населбата Ченто поради нерасчистени односи.
-Поради сериозност на повредите двете лица се пренесени во Ургентен центар Скопје, додека сторителите го напуштиле местото на настанот. По преземени мерки приведени се сторителите, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок- информираат од полицијата.
За настанот известен е и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил


