| четврток, 6 декември 2018 |

„Туркиш ерлајнс“ ги суспендираше сите летови за Либија

туркиш

Турската национална авио-компанија „Туркиш ерлајнс“ ги суспендираше сите летови за Либија поради влошувањето на тамошната ситуација.

„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека се суспендирани летовите кон Мисрату, каде единствено леташе, откако претходно ги укина летовите за Триполи, Бенгати и Себа.

– Ги суспендиравме летовите до Мисрату не неопределено време. Во моментов компанијата нема ниту еден лет за Либија – соопшти компанијата.

Ситуацијата во Либија се влоши по симнувањето од власт на Муамер Гадафи, објавува Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top