Руралните општини од денеска можат да аплицираат во Министерството за финансии за добивање грантови – неповратни средства во висина до 260.000 евра за инфраструктурни проекти.
Вкупниот фонд на грантот за рурална инфраструктура е 20,7 милиони евра од кои 15,5 милиони евра се обезбедени од средства од ИПА, а останатите 5,2 милиони евра се од буџетски средства.
Средствата се наменети за инвестиции во инфраструктурни проекти за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води (пречистителни станици и системи за отпадни води со капацитет за популација помеѓу 2.000 и 10.000 жители), управување со цврст отпад, изградба или реконструкција на локални патишта и улици, основна инфраструктура за достапност до електрична енергија, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност,… Може да бидат наменети и за проекти за улично осветлување, уредување и изградба на туристички и рекреативни области, изградба и реконструкција на општински објекти како што се детски и младински културни центри, детски градинки, училишта, пазари, општински згради, како и останати приоритетни проекти во надлежност на локалната самоуправа.
Целта на проектот, според Министерството за финансии, е да го подобри на квалитетот на живот во руралните средини, да ги намали разликите помеѓу урбаните и руралните општини во поглед на социо-економскиот развој и да ја подобри конкурентноста на руралните средини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст