Кристиан Аманпур, главниот меѓународен дописник на Си-Ен-Ен, го понуди својот избор на најголемите настани во 2014 во светот.
Ако треба да го одберам најважниот настан во 2014, ќе го ставам близу до врвот кршењето на меѓународното право и на европските мерки за безбедност на рускиот претседател Владимир Путин.
Неговата брза анексија на Крим-и покрај спогодбата од 1994 година потпишана меѓу Русија и западните сојузници која го гарантираше територијалниот интегритет на Украина – како и неговата воена интервенција и поддршката за проруските сепаратисти во источна Украина, го дестабилизираа континентот. Но неговите потези на Европската шаховска табла, сега ја матираа и Русија.
Годината заврши со финансиски хаос во земјата, поради западните санкции над Украина, паѓање на цената на нафтата и погрешните чекори на руската Централна Банка. Про-Путин пропагандата и задушувањето на независниот печат го доведе националистичкиот занес до точка на вриење и ги заведе поголемиот дел од Русите, но кога рубљата и животниот стандард почнаа да паѓаат кон крајот на годината, почнаа и негодувањата.
Колку политички проблеми ќе предизвика ова за Путин? Дали ќе удвои и ќе бара повеќе странски авантури или ќе се обиде да одговори на изолацијата на Русија со тоа што ќе се придржува кон прекинот на огнот кој неодамна беше потпишан со претставниците на украинските власти во источна Украина, и ќе почнат да се повлекуваат санкции, а економијата ќе се врати на вистинскиот пат? Во 2015 ќе се видат следните потези на Русија.
Исто така, Русија може да ја смени тактиката и да игра конструктивна улога во страшната катастрофа каква што е Сирија. Во текот на речиси четири години војна, Русија го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад, а Иран ја има обезбедено повеќето од воената сила на сирискиот лидер. Повеќе од 200.000 луѓе се убиени, а Обединетите нации соопштија дека во моментов има повеќе од 3,2 милиони регистрирани бегалци.
И оваа година имаше ужасни докази за мачење и за одредите на смртта на Ал-Асад, како што информиравме во мојата емисија. По неколку години откако САД и нејзините сојузници одбиваа да интервенираат во Сирија, големиот победник на 2014 година во тој регион беше бруталната Исламска држава во Ирак и Сирија (Исис). Подемот на Исис беше во голема мера игнориран се додека не се префрли во Мосул во Ирак и не започна хоророт со јавни погубувања на колеги новинари во текот на летото.
Бруталната егзекуција на Џејмс Фоли, Стивен Сотлоф и на хуманитарните работници Алан Хенинг и Питер Касиг, послужија за зголемување на воздушните напади и напорите кои на некој начин го прекинаа импулсот на Исис. А до крајот на 2014 година, новата влада во Ирак, во обид да бидат поинклузивни, презеде охрабрувачки први чекори.
Но предизвик за 2015 остануваат малкумина кои веруваат дека Исис ќе биде сопрена, дека Ирак ќе биде спасен или дека сириската војна ќе заврши додека Асад си замине од власта, како што бараше претседателот Барака Обама во 2011 година.
На крајот на уште една година од војната таму, Валери Амос, заменик генералниот секретар на ОН задолжена за хуманитарни работи и кородинатор за итна помош, ми зборуваше како недостигот од политичка резолуција и продолжувањето на крвопролевањето е дамка за меѓународната заедница.
Во неговата хемисфера, Обама презема храбра извршна акција и формално ја прогласи изолацијата на Куба од страна на Америка како безвредна политика која не функционира.
По половина век обиди да се смени Кастро со акции, како што беше фијаското во Заливот на свињите, цигарите кои експлодираат, па дури и инфилтрацијата во кубанската хип-хоп сцена, Обама ги подигна американските раце неколку недели пред Божиќ, и најави дека САД ја менуваат тактиката. Сега ќе соработува со Куба исто како со сојузниците во Латинска Америка, со Канада и во Европа.
Претседатеот рече дека двете држави треба да ги обноват дипломатските врски како и во голем обем да се зголеми трговијата и туризмот. Од своја страна, претседателот Раул Кастро му заблагодари на Папата Фрањо за неговата желба во зближување на двете страни.
Но 2015 најверојано ќе биде одбележана со жестоки судири во Конгресот, каде се очекува републиканските противници да го искористат новото мнозинство и да се обидат да спречат било кој да биде назначен за нов американски амбасадор на Куба, да одбијат финансирање, а посебно да одбијат да се укине ембаргото.
Сепак останува прашањето колку многу новите генерации кубанци-американци ќе го ценат ова? По се, демограиуте се променија и тие се денес поподготвени да се ангажираат отколку нивните родители, дедовци и баби, и преостанатите тврдолинијаши во Конгресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.