| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска по дебаклот се вади – свесно ја лажела јавноста, а наводно цело време знаела дека нема да одат во Собрание

vankovska1

-Премиерот направи политички чин, кој е веќе виден во нашата политичка пракса. Но, и доказ за длабока загриженост. Ќе потсетам дека на протестите 2011-та, ни го испратија само младиот министер Тодоров. Наводно покажувајќи подготвеност за разговор, упадна непоканет на прес-конференција закажана од Професорскиот пленум (којшто, патем, го нарекува таканаречен Професорски пленум) за да нѐ покани на топло, во еден од најлуксузните хотели во Скопје. Да сме разговарале за закон кој е пред второ читање (што ќе рече пред донесување), откако беа игнорирани и јавно на ТВ седница на Владата понижени сите ректорати, деканати, наставнички-совети!? Инстинктивниот одговор беше: хотелите служат за туризам, а не за парламентаризам. Она што не го кажав пред камери беше: ако сега влеземе во хотел, утре ќе нѐ каните по приватни апартмани! Неговата наводна подготвеност да разговара со нас на кој било терен, вклучително и Собранието, покажа флагрантна ароганција со тоа што не ги исконсултира останатите поканети (од ректори, до професори и министри) и веднаш, како човек научен да игра со папети, закажа средба во Собранието. Можев во тој миг да кажам дека тој не е домаќин на законодавниот дом за да закажува свои средби, но помислив дека е подобро да добиеме уште еден доказ пред јавноста дека Премиерот не е индиферентен пред професорите и студентите кои со месеци се предмет на лични дисквалификации, хајки од куририте и слично. Добивме и нова прес-конференција на која две професорки му одржаа лекција за владеењето на правото, за поделбата на власта и за тоа дека со чинот за пшренесување на некаква расправа во Собранието тој ја урниса целата институција и нејзините закони и деловник за работа. Ние не прифаќаме такви фарси за да дебатираме со пиштол в глава и да преговараме (веројатно се очекуваше да молиме) за импакт-фактори и слични теми со кои јавноста е оптоварена деновиве. Нашиот став, кој му беше пренесен и на ректорот Стојковски беше: само нов закон, во нормална атмосфера и низ демократска процедура во која ќе бидат вклучени и студентите, може да не седне на иста маса и со владата, меѓу другите – објави на својот фејсбук профил професорката Биљана Ванковска, откако се согласи да дојде во Собрание на дебата за подоцна да се пишмани. Впрочем, Собранието како можна дестинација за дебатата првично го спомена токму професорката Билјана Ванковска, предлог што експресно беше прифатен од Груевски. Но сега таа излегува со став – сакала да му каже ама не му кажала. 

Под ова низа критики упатени до професорката – Професорке, од толку објави вчера не го објавивте дуелот помеѓу вас и Груевски. Или едноставно срушивте се што градеше студентскиот пленум последниве два месеци !?!?!?! Или друг коментар кој вели:

Професорке Ванковска, да бевте вие постарите ( без разлика дали професори,политичари ) успешни ќе ни оставевте на нас студентите и воопшто на сите млади подобра и поперспективна Македонија. Кога тоа не го направивте тогаш оставете им на студентите и на младите да ја водат својата битка така како што замислиле бидејки тие најдобро си знаат како. И не пробувајте да замачкувате очи и признајте го поразот кој го доживеавте денес од страна на Премиерот. Доблест е.

Следува коментар на фејсбук пријател на Ванковска:

Политички систем професорке. Зошто веднаш не реагиравте!? И Вие и професорката Силјаноска која само потврдуваше со климање на главата!? Ах … Одговорноста е Ваша…

 

gero11

Од она што Ванковска го напиша како сублимат на вчерашните случувања може да се заклучи дека ставот на професорката е дека свесно ја лажела јавноста и дека наводно цело време знаела дека Професорскиот пленум немало да оди на дебатата во Собрание.

-Во ниту еден миг, во мојата глава немаше двоумење дека нема да не види уседнати на журка во куќа чиј домаќин тој не е! Сепак, следуваше куса консултација со присутните колеги што да се прави. Набргу тргнавме кон Собранието, подготвени за вториот медиумски настан, пишува Ванковска, целосно занемарувајќи го фактот  дека таа одговори потврдно на прашањето дали сакаат дебатата да се одржи во Собрание.

Ванковска во разговорт со Груевски најпрво побара од премиерот да направи апел до Собранието, потенцирајќи дека тие (професорите) се спремни да влезат да разговараат суштински. На прашањето од Груевски дали сакаат во Собрание да одат на дебата, Ванковска одговори апсолутно. После ова, станува јасно дека Ванковска свесно ја лажела јавноста.

Професорката во обидот да се извади пред јавноста за срамното погазување на зборот, додава и дека било факт што во текот на вчерашниот ден постапиле согласно договорот, односно ставот дека не прифаќаат никаква дебата, иако лично таа јавно прифати дебата во името на професорите, кои подоцна збунети избегаа од истата.

Кој да им верува дека се залагаат за она што го сакаат студентите по вакви фијаско?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top