Анализирајки ги случувањата организирани од т.н. студентски пленум, создаден како паралела наСПУКМ (поддржани и од т.н. професорски пленум), не може човек да не се запраша – дали овие млади луѓе, наши идни инженери, архитекти, математичари, технолози…, навистина толку многу се уплашија одеден испит,макар бил и државен! Дали освен од медицинските насоки (медицина, стоматологија, фармација, … можеби има и некои други?!), сите останати студенти стравуваат од проверка на знаењата, од кои утре, буквално, може да зависи нивната иднина и просперитет! Ги игнорираат сите објективни факти на оваа тема, а, она што овој испит го нарекуваат за погубна работа, всушност може да биде погубно (зборот е прејак-ама е позајмен од нивниот речник) токму за нив! Одговорноста во секоја професија е огромна, поврзана со знаењата, оспособеноста да се носите со предизвиците на истата, да се справите со нив на најдобар можен начин! Неодговорноста, недоволаното знаење и способност чинат скапо: некогаш – човечки живот, некогаш материјални или нематеријални добра, углед, чест!
Не може човек да не се запраша и за смислата и оправданоста на “активностите” на т.н. професорски пленум – (аналогно на студентскиот?), првично иницирани како поддршка на студентските пленум-протести против државниот испит(?), за потоа да го придодадат и своето противење на предлог-измените во ЗВО поврзани со академскиот кадар, проследено со бројни, главно, бескорисни препукувања (неретко со несоодветен академски речник) преку интернет-порталите! Дали ваквите активности/реакција на овие професори може да се нарече – акадeмски конструктивна! Зошто истите тие, до сега не излегоа со свои, искрени, реални, добронамерни предлози* – како да се надминат слабостите во високото образование за кое сите бевме/сме свесни, туку поддржаа протести против најавениот државен испит! Дали ваквиот нивни потег не беше погрешен од аспект на образовниот и одговорен академски однос кон студентите! Зарем не требаше да им се каже на младите академци дека државниот, или кој било стручен или каков и да е друг испит, екстра-квалификација – е квалитет плус во личното CV!
*Идеите за реформирање можеа да ги даваат и реализираат на своите факултети, на Универзитетот, зашто квалитетот (образовен) суштински се креира на овие нивоа! Протестите со нејасна заднина не верувам дека се вистинското интелектуално-академско решение во наведената смисла! Државата – следејќи го академскиот “производ” реагира на свој начин: ќе го поддржува квалитетот, видлив во секојдневниот живот (го чувствуваат и работодавците и граѓаните – преку ефикасноста на сервисите формирани да бидат во нивна служба), а ако се соочи со неквалитет, превзема мерки за заштита на своите (државни/општествени) интереси.
Индолентниот однос на дел од професорскиот кадар веројатно се должи на удобноста на професорскара фотелја! Таа носи многу пријатности; работата со студентите е позитивен предизвик сам по себе, за секој професор, а тука е и сопствено духовно надградување! Во светот, оваа позиција за никого не е трајно загарантирана, ниту е со трајно дефинирана географска одредница. (Во една високообразовна институција, во една голема европска метропола, кога сакаа да ги истакнат образовните, интелектуални и други човечки доблести на еден свој колега – професорот Newesely – велеа: тој е од Виена! А, јас ќе додадам – академски, космополитски колос, ментор на докторанди од целиот свет!)
Промените, најавите за промени – причина за страв и скептицизам?
Вообичаената потреба од континуирани промени како природен след на напредокот во сите сфери на науката, образованието, кај поединци предизвикува нереален страв и скептицизам. Поради тоа, и на еден нормален, развоен процес како што се реформите гледаат со недоверба, бараат некакви скриени мотиви?! Но, ова не се случува за прв пат кај нас. Негативни реакции од академскиот кадар на одредени факултети (пред повеќе од десетина години) имаше при спроведувањето на самоевалуацијата, а и обидот на професорот и академик Ефремов, на времето (во својство на министер за наука во првата влада на Р.Македонија) да воведе новинини со цел да ги подигне стандардите во овие сфери, беше дочекан на нож; да не беше така, денеска немаше да се судруваме со проблемите – повод за предложените законски измени!
И за крај. Наместо протести против реформите, ред е и ние професорите да се завртиме, да ја погледнема длабочината на академската трага што сме ја оставиле зад себе!
На академската заедница ѝ останува да ги истисне од своите редови оние, чие звање се става во наводници, оние кои се перчат со книги напишани од нивните асистенти, а се претставуваат како прв автор, или, пишувааткниги базирани на застарени сознанија, лишени од сопствени стручни, научни искуства и критички опсервации – како најголемо богатство и вредност инкорпорирана во една авторска книга, заедно (се разбира), со сознанијата стекнати од современата светска литература во дадената област. Професорската титула е ласкава, но неа треба да ја потврдат академските траги, студентите…; престоите во реномирани европски или светски високообразни институции, за да се споредите со своите колеги -на нивни терен! Чувството е пријатно.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст