| четврток, 6 декември 2018 |

„Политико“ ги поздрави Пленумци: „И јас земам книшка на ДПМНЕ, ова веќе не се трпи“

maktelПо Бранко Героски, и Саше Ивановски-Политико, уште еден истурен играч на опозицијата, распали по „професорскиот пленум“, со што се разобличија нивните намери. Политико, чија што дрскост ги надминува сите норми на политичко или било какво еснафско однесување во неговите напади врз власта, денеска оцени дека ова е “голема победа на Груевски, кој со два-три потези за неколку часа ги сотре студентите и професорите, а овие тотално се лизнаа на кора од банана“.

-Не ми се верува што се случи денеска! Грујо во негов познат стил кој е негов заштитен знак, влета лично на пресот на професорите како нинџа и пред цела јавност понизно ги замоли да дојдат на дебата и овие тотално се збркаа и УЦВИКАА?! Он почна да ги моли, дури прифати да дебатираат и во собрание и овие прво прифатија ПА СЕ ПРЕДОМИСЛИЈА?!?! У је*оте, каков автогол, ова беше тотално неочекувано!- напиша Ивановски.

-Грујо ги фати на препад и студентите и професорите и им влезе дирек со мајагери и овие се разбегаа како да го виделе Луцифер у Борат жута танга! Се избламираа пред цела јавност, како сега ќе убедат некого дека никој не сака да ги слушне, дека биле игнориани, дека сме имале режим кој бега од дебата кога премиерот лично ЕЕЕЈ ЛИЧНО ИМ УКАЖА ЧЕСТ И ГИ МОЛЕШЕ на скали да дебатираат?! Требаше да знаат дека со неприфаќањето на таа покана тие се самоубиваат пред македонската јавност! КРАЈ ГОТОВО Е СО НИВ!- пишува Ивановски.

Тој посочува дека професорите требало да влезат на дебата да побараат камерите да снимаат цело време, под никој случај да не се дозволи да се дебатира зад затворени врати.

На крај од текстот, и Ивановски посочува дека „симнува капа“ пред Груевски, но и додава „уште неколку вакви потези и јас земам книшка на ДПМНЕ, ова веќе не се трпи…“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top