Фејсбукот претставува убаво место на кое може да се пронајде љубовта на својот живот. Но, исто така социјалната мрежа е и меч со две острици.
Статистиката покажува дека Фејсбук и други социјални мрежи се идеални места за пронаоѓање сродна душа. Според светскиот просек речиси секоја петта двојка која се запознала преку Фејсбук се венчава.
Од друга страна, премногу Фејсбук може да ја упропасти и најидиличната романса. Според податоците од канцелариите на адвокати специјализирани за бракоразводните парници стигнуваат катастрофални вести. Дури за 20 отсто од разводите виновен њ Фејсбук.
Едноставно, иако луѓето ја пронашле љубовта и се во среќна врска, тие и понатаму не можат да одолеат од време на време да не ја посетат својата омилена социјална мрежа, несвесни на кибер ризиците што демнат таму.
Вистина е дека никој не вклучува Фејсбук со идеја за прељуба. Но, ако не се внимава, неретко работите излегуваат од контрола. Дури и да не дојде до конкретна акција, не сте поштедени од можни проблеми. Без оглед дали е во прашање невина комуникација со некои од поранешните момчиња, премногу „ми се допаѓа“ на фотографии од одмори на убавите колешки или флертување по напорниот ден со братот на најдобрата пријателка не е добро.
Ако тоа го забележи партнерот се јавува љубомора, а ако проблематичното однесување не престане, се редат напади на недоверба и конфликти.
Ова посебно им се случува на партнерите кои немаат време еден за друг, а утеха за животните неуспеси бараат во социјалните мрежи и комуницираат со други луѓе. Експертите советуват како да спречите Фејсбук да не ви го уништи бракот. За почеток,
поставете си себе јасни граници.
Колку време ќе поминувате на интернет и во кое време, со кој ќе комуницирате и на кој начин. Иделано би било Фејсбук да не се користи воопшто, па дури ни за објавување на „среќни фотографии“ од патувања, со децата, домашните миленичиња или селфи романтичните бакнежи или храна, и никако за „ми се допаѓа“ на тие истите работи
на други, посебно ако се сами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.