| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Жал ми е што професорите одбија дебата иако и самите ја бараа

Премиерот Никола Груевски на гостувањето во Дневникот на Сител изјави дека е задоволен од денешната јавна расправа од која очекува да бидат усвоени повеќе предлози.

Груевски  вели  дека јавната дебата трае веќе три месеци а целта е да се слушнат и преземат сите добри и конструктивни предлози.

– По долга подготовка во октомври ја информиравме јавноста а веднаш потоа и универзитетите. Министерот испрати писмо со информации. Ако не сакавме дебата тоа ќе го сторевме во декември. Сечија идеја сечиј предлог е добредојден. Министерот за образование и заменикот со нивниот тим одеа од универзитет во универзитет. Ги чувме мислењата, доставија и на писмено ништо. Имаше денеска сериозна дебата. Имаше поддржувачи имаше и критика, се дава идеи – рече Груевски.

Тој изрази жалење што дел од професорите одбија дебата иако и самите ја бараа.

– Мене ми е жал што професорите кои најмногу се истакнаа во спротивставување на реформите предложени од владата на крајот одбија да дебатираат. Јас дојдов, ги замолив да дојдат, законот не е донесен, има можност за амандмани, за дебата, за се. Ништо не е завршено. Дури да се случи и дека нема простор за амандмани можеме и д аго повлечеме па повторно да го вратиме во процедура ако има вистински аргументи – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top