Министерката за култура, д-р Елизабета Канческа-Милевска, денеска во Музејот на Крива Паланка ќе го отвори десеттото по ред јубилејно издание на манифестацијата „Град на културата“, чија престолнина годинава е токму Крива Паланка.
Отворањето на манифестацијата ќе биде проследено со повеќе културни содржини, меѓу кои е и свечената промоција на постојаната археолошка поставка во градскиот музеј, по што концерт ќе одржи староградскиот ансамбл „Распеани паланчани“, додека во фоајето на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“.
Во рамките на манифестацијата, во текот на целата година, пред граѓаните на Крива Паланка ќе бидат прикажани повеќе од 180 разновидни културни содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат Центарот за култура од Крива Паланка, потоа Општината Крива Паланка, воспитно-образовните институции од овој град, градскиот музеј и невладини организации и здруженија на граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Леуварден и Валета – престолнини на европската култура во 2018 година
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови