| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски лично ги покани професорите на дебата во Собранието

груевскиПремиерот Никола Груевски лично упати покана до сите учесниците на денешната дебата по предлог измените во образованието да дојдат денеска на дебата во Собранието на РМ. Груевски според извори на Република, лично влегол во салата каде се одржувала средбата за да ги покани присутните на дебата во Собранието, која би почнала за половина час.

Претходно, на новинарско прашање, од владата посочија дека нема никаква забрана за присуство на студенти и доколку интеруниверзитетската конференција оценила дека е потребно, тогаш тие слободно може да вклучат членови на студентите во својата делегација. Од владата упатија и охрабрување во расправата да се вклучат и студенти кои не се согласуваат со реформите и студенти кои дадо поддршка на истите.

Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, МОН на денешната дебата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top