| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени 30 пожарникари во пожар во Јужна Австралија

австралија

Околу 30 пожарникари се  полесно повредени при обидот да го изгаснат пожарот во сојузната држава Јужна Австралија, пред најавеното зголемување на температурата до 38 стрепени Целзиусови в среда и засилување на ветровите.

Спасувачките екипи соопштија дека огнот може да зафати нови 13.000 хектари шума. Во погодениот реон живеат околу 40.000 луѓе кои се занимаваат со земјоделство и лозарство.

Метеоролозите наведуваат дека временските услови во сојузната држава Јужна Австралија се најтешки од 1983 година кога во пожари во државите Викторија и Јужна Австралија загинаа над 70 луѓе и изгореа илјада домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top