| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии кои предизвикаа негодување во модниот свет

plus sajz

Една марка предизвика остри критики во модниот свет, поради моделите во плус величина кои беа облечени во облеки со нормални големини.

„Рум плус кок“ е нова марка на модната дизајнерка Кортни Смит од Њујорк која ја лансираше провокативната кампања за модели со плус величина.

Мотото на кампањата е „Жените се преубави во кое било пакување“.

plus sajz1

Смит изјави дека и пречи што во сите рекмални кампањи се појавуваат слаби модели, и вели дека таа бисакала да ги разбие предрасудите за полните Афроамериканки.

– Премногу жени личат една на друга – изјави Кортни, која верува дека женската убавина е различна.

Модните критичари велат дека е невкусно крупни жени да се прикажуваат во фустани кои очигледно не им одговараат на нивната градба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top