Дејвид Камерон, премиерот на Велика Британија изјави дека би било добро референдумот за излез на неговата земја од ЕУ да се одржи што побрзо. Камерон вети дека ќе организира ваков референдум до 2017 година доколку биде ре-избран на наредните избори во мај 2015 година.
-“Референдумот мора да се одржи пред крајот на 2017 година. Ќе бидам среќен доколку можеме да го одржиме и порано. Така ќе можам да напредувам побрзо со моето ветување за преговори (со ЕУ) и референдумот- рече тој за Би-Би-Си.
Камерон одамна вети референдум за излегување или останување на Велика Британија од или во ЕУ. Според него, ЕУ треба дотогаш да се реформира. Доколку овие реформи не ја задоволат Велика Британија, Камерон повтори дека не исклучува ниту една опција што значи дека Камерон би можeл да влезе во кампања за излегување на земјата од ЕУ.
Во Велика Британија еврофобите имаат големо влијание кое го натера Камерон да усвои план, во ноември, со кој се лимитира пристапот до социјалните придобивки за европските жители кои работат во оваа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.