| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН: Струја има во дел од охридско- струшкиот регион, се работи во реканскиот крај

Intervencija na elektromonter na skrshen stolb vo debarskiot regionСнабдувањето со електрична енергија во текот на ноќта и раните утрински часови е стабилизирано во поголем дел од селата во охридскиот и струшкиот крај, соопшти ЕВН Македонија. Струја имаат селата Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, Лескоец, Коњско, Стење и Мислешево.

– Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан. Заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во село Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа. Најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион добија електрична енергија, истакнува ЕВН Македонија.

Новиот 10 киловолтен далекувод во Реканскиот крај, според соопштението, е во завршна фаза на поставување.

– Низ новоподигнатите столбови се поставуваат проводниците и изолаторите и се премостува врската низ Дебарско езеро. Се работи интензивно за да се нормализира снабдувањето со електрична енергија на селата во Реканскиот крај. Пробивањето на екипите на ЕВН до местата на дефектите уште е отежнато, голема помош имаат од екипиоте на МВР со санки со што времето за пристигнување на критичниуте места е скратено, се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top